Дводневно советување за Законот за општа управна постапка и Законот за управните спорови (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за правда, врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка, заеднички организираат дводневни советувања за Законот за општата управна постапка и Законот за управните спорови како поддршка и унапредување на процесот на имплементација на овие закони во практиката.

 

Шестото од низата советувања кои се реализираа  изминатата  година  ќе се одржи на 27-28  февруари 2020 година, во Скопје, во просториите на Академијата.

 

Советувањето е наменето за вработените во јавната администрација кои одлучуваат во управна постапка како и за судиите и советниците/судските соработници на Вишиот управен суд и Управниот суд.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работните материјали кои ќе се користата на советувањето можете да ги преземете тука:

Презентација1

Презентaција2

Презентација3

Презентација4