Дводневни обуки на тема: ,,Правда за децата’’ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Македонското здружение на млади правници и УНИЦЕФ организира мултисекторски  дводневни обуки на тема: ,,Правда за децата’’.

Трите обуки се на истата тема и ќе се реализираат во хотел Континентал во Скопје во следните термини:

 

  • 11 и 12 мај 2022 година (среда и четврток) во хотел Континентал, Скопје
  • 17 и 18 мај 2022 година (вторник и среда) во хотел Континентал, Скопје
  • 19 и 20 мај 2022 година (четврток и петок) во хотел Континентал, Скопје

На обуките ќе учествуваат полициски службеници, социјални работници, судии, јавни обвинители, адвокати и медијатори за постапување со деца жртви, деца сведоци и деца во конфликт со законот. Со оглед на тоа бројот на учесници за секоја обука е ограничен.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за организација од Академијата на следната e-mail: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk или на тел.02/2401-568.

 

Агендата за обуката 11-12 мај 2022 година можете да ја преземете тука.

Агендата за обуката 17-18 мај 2022 година можете да ја преземете тука.

Агендата за обуката 19-20 мај 2022 година можете да ја преземете тука.