Предавачи
Стручни лица за спроведување на програмите за обука во
Академијата
Потребни документи за предавач
- Предавачите се стручни лица за спроведување на програмите за обука во Академијата.
- Академијата ангажира предавачи од листата на предавачи, како и предавачи по потреба.
- Предавачи на Академијата можат да бидат домашни и странски судии , јавни обвинители и универзитетски професори, како и адвокати, нотари, медијатори, извршители, раководни и други искусни административни, судски и јавнообвинителски службеници и стручни лица со докажано искуство во области опфатени со програмите за обука во Академијата.
- За предавач може да биде определено лице кое има најмалку осум години работно искуство од правни области како судија, јавен обвинител или стручно лице во определена област.
- Како предавачи во почетна обука не можат да бидат избрани членовите на Управниот одбор и нивните заменици, членовите на Приемната комисија и нивните заменици, членовите на Комисијата за ревизија на одржаните испити, како и членовите на Завршната комисија и нивните заменици.
- Предавачи во областа на континуираната обука можат да бидат членовите на Управниот одбор и нивни заменици, директорот и заменикот, без надоместок.
- Предавачи по потреба се стручни лица кои се ангажираат за одделна обука или циклус на обуки по определени правни области, како и за обуки за општи теми и комплементарни и неправни области од редот на истакнати стручни лица во односната област за која се ангажираат како медицина, компјутерски технологии, странски јазици, социологија, комуникациски науки, економија, психологија и од други науки поврзани со темите од програмите за обука.
Потребни услови за предавачи
- Пополнета пријава за предавач;
- Кратка биографија (CV);
Пријава за предавач на Академијата
Листа на предавачи