5-ти Состанок на Мрежата на институции за правосудна обука на Југоисточна Европа (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители на 14 декември 2021 година во соработка со Регионалниот совет за соработка (РСС) ќе го реализира V-от состанок на Мрежата за на институции за правосудна обука на Југоисточна Европа . Состанокот со физичко присуство на претставниците од Северна Македонија ќе се одржи во хотел ,, Double Tree by Hilton’’ Скопје,   додека сите останати ќе се приклучат онлјан преку ЗООМ платформата.

Со настанот ќе модерира Jorida Shytaj, РСС, додека свои поздравни обраќања ќе имаат:  Amer Kapetanovic, Раководител на Одделот за политика, РСС; проф.д-р Наташа Габер Дамјановска директорот на Академијата за судии и јавни обвинители и  Freek Janmaat, Раководител за соработка, Делегација на ЕУ во Северна Македонија.

На следниот линк можете да ја преземете Агендата согласно која ќе се одвива состанокот:

Агенда – 5-ти Состанок на Мрежата на институции за правосудна обука на Југоисточна Европа