Известување од одржана 255-та седница на Управниот одбор на Академија за судии и јавни обвинители

logo_asjo

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, на ден 13.11.2026 година (петок), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, со почеток во 11:00 часот, во полн состав, ја одржа 255-та седница, на која:

  1. Едногласно беше усвоен Записникот од 254 седница на Управниот одбор одржана на 02 октомвр 2026 година.
  2. Беше утврден престанок на мандатот на заменикпт член на Програмскиот совет на АСЈО, г-ѓа Оља Крстиќеска
  3. Беше образлежена иницијативата за вклучување на Академијата во рамки на проект„Зајкнување на правосудните одговори на насилство во кое се вкучени деца-одговори што се правични и чуствителни кон потребите на децата во Северна Македонија“, кој ќе го спроведува Коалцијата Сите за правично судење. Членовите на УО дадоа позитивно мислење по однос на оваа активност.
  4. Под точка разно: директроката на Академијата, Ирина Трајкоска Стрезоски ги извести членовите на УО за барање на поддршка и вклучување на Академијата во уште еден нов Проект за Европското право на еднаквост и правото на ЕУ за антидискриминација кој ќе го спроведува Европската академија за право (ЕРА). Имено, до Академијата беше побарано како дологодишен партнер на ЕРА да ја поддржи апликацијата на ЕРА за овој нов проект, и доколку истиот биде прифатен и одобрен од страна на Европската комисија, Академијата ќе биде дел од неговите активности. Сите трошоци во однос на реализацијата на проектините активности како што стои во бараењето на ЕРА доставено до Академијата ќе бидат покриени од страна на проектот. Членовите на УО дадоа позитивно мислење и за оваа активност.