Минатата недела во Академијата за судии и јавни обвинители започна процесот на менторирање на идните ментори, како важен чекор кон воспоставување родово сензитивна менторска програма во правосудството.
Целта е потребите и предизвиците идентификувани преку претходното истражување да се преточат во практични знаења, вештини и конкретни алатки за секојдневната правосудна практика.
Преку тематски менторски сесии, анализа на реални и симулирани случаи и размена на искуства и добри практики, програмата ќе ги поддржи судиите и јавните обвинители во препознавањето и соодветното постапување во случаи на родово базирано насилство и дискриминација.Бидејќи родово сензитивното правосудство не се гради само преку познавање на законите, туку и преку начинот на кој тие се применуваат во пракса.

