Академијата спроведе обука на тема: Разлики и сличности меѓу сродни кривични дела (Криумчарење од член 278 и Царинска измама од член 278-a од Кривичниот законик)“

DSC_0298

Академијата за судии и јавни обвинители спроведе обука на тема: „Разлики и сличности меѓу сродни кривични дела (Криумчарење од член 278 и Царинска измама од член 278-а од Кривичниот законик)“, која се одржа денес (29 септември 2026 година), во просториите на Академијата.

Обуката беше наменета за судии од кривичните оддели од судовите од сите апелациони подрачја, јавни обвинители и претставници од Царинската управа на Република Северна Македонија, а истата ја спроведоа националните правни практичари: м-р Наташа Гоџоска, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, г-а Бранка Наумоска, судија на Основниот кривичен суд Скопје и г-а Весна Петреска, шеф на служба за борба против криумчарење во Одделение за истраги СКИ – Царинска управа на Република Северна Македонија.

Во рамки на обуката беа разгледани разликите и сличностите меѓу кривичните дела криумчарење и царинска измама, со посебен осврт на нивните законски одбележја и елементи. Беа презентирани различните начини на извршување како и конкретни фактички ситуации од праксата.

Посебно внимание беше посветено на клучните доказни прашања, особено во однос на намерата и улогата на сторителите. Исто така, беа разграничени наведените кривични дела од царинските прекршоци и други сродни противправни дејствија, а преку практични случаи беа отворени и прашања и дилеми од обвинителската, судската и царинската практика.

Целта на обуката беше да се поттикне меѓуинституцинална дискусија и размена на искуства, како и да се придoнесе кон усогласување на практичните пристапи во постапувањето со сродните кривични дела.