Академијата спроведе обука за стручни соработници од судовите и обвинителствата за тимска работа

DSC_0812

Академијата за судии и јавни обвинители на 27 април 2026 година спроведе обука наменета за стручните соработници од судовите и јавните обвинителства од сите апелациони подрачја на тема: „Тимска работа“.

Обуката ја спроведоа: м-р Билјана Пешова и д-р  Благица Ваниќ.

Целта на обуката беше зајакнување на вештините за тимска работа и нудење практични алатки и стратегии за успешно градење и функционирање на тимови.

Во рамки на обуката беа опфатени следниве теми: запознавање со процесот на тимска работа и тимска динамика, разбирање на клучни елементи за успешно градење на тимови, фазите на развојот на тимот, препознавање на тимските улоги и нивните карактеристики, како и развивање стратегии за успешна тимска работа насочена кон промовирање на психолошка благосостојба на работното место.

Обуката се реализираше преку комбинација на теоретски предавања, практични вежби и интерактивни групни активности, пришто учесниците имаа можност директно да ги применат стекнатите знаења во ситуации блиски до нивното секојдневно работење.