Академијата организраше обука на тема: „Благајничко работење, исплата на дневници и патни трошоци во земјата и странство“

DSC_0860

Академијата за судии и јавни обвинители организраше обука посветена на темата: „Благајничко работење, исплата на дневници и патни трошоци во земјата и странство“, која се одржа на 29 април 2026 година, во просториите на Академијата.

Обуката беше наменета за сметководители, благајници и раководни лица кои изготвуваат решенија од сите судови и јавни обвинителства во Република Северна Македонија, а истата ја спроведоа: Бљерта Ганиу, помошник на главниот државен ревизор во Државен завод за ревизија, Данче Ангеловска, раководител на сектор за финансиски прашања  во   Државен завод за ревизија и Сања Гоцева Прочкова, виш ревизор во Државен завод за ревизија.

Целта на обуката беше да ги унапреди знаењата и практичните вештини на учесниците во делот на благајничкото работење и правилната исплата на дневници и патни трошоци, како во земјата така и во странство. Во рамки на обуката беа обработени законските прописи, колективни договори, процедури и практични аспекти на финансиско работење, со акцент на транспарентност, точност и отчетност.

a