Академијата организираше советување посветно на Законот за јавни набави и спроведувањето на постапките за јавни набавки

DSC_0891

Академијата за судии и јавни обвинители во рамки на Каталогот за обуки за 2026 година организираше советување на тема: „Закон за јавни набавки/Спроведување постапки за јавни набавки“, кое се одржа на 6 мај 2026 година во просториите на Академијата.

На советувањето кое беше наменето за судиите на Виш управен, Управен суд и стручните соработници, своите практични искуства ги споделија: Александар Аргировски, државен советник во  Биро за јавни набавки и Анета Мострова, адвокат.

Советувањето беше организирно со цел унапредување и зајакнување на ефикасноста на управното судство во областа на јавните набавки.

Во рамки на советувањето беше даден преглед на законските одредби како и надлежностите на националните институции за јавни набавки, со посебен осврт на надлежностите и улогата на мислењата на Бирото за јавни набавки. Воедно беа  анализирани  актуелните состојби во  примената на одредбите од Законот за јавни набавки  со посебен акцент на жалбената постапка и управниот спор во областа јавни набавки.

Со оглед на тоа што јавните набавки претставуваат комплексен процес, а потребата од понатамошна едукација во спроведувањето на постапките за јавни набавки постојано се наметнува, Академијата ќе продолжи да организира едукативни настани на оваа тема.