Во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители на 19 и 20 октомври 2026 година согласно реформската агенда се одржа дводневна обука наменета за судиите од Република Северна Македонија, посветена на постапките пред Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) и на правната рамка на ЕУ во областа на државната помош, со цел унапредување на стручните знаења и јакнење на експертизата во судовите.
Обуката ја организираше Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата, беа поканети судии од Вишиот Управен суд и Управниот суд . Поздравно обраќање и вовед за целта на обуката даде Претседателката на Комисијата за заштита на конкуренција М-р Малинка Силјановска Николиќ, а истата ја спроведоа националните експерти Јован Тодоров, раководител на Сектор за контрола на државната помош на КЗК и Исљам Алиу раководител на одделение во Секторот за контрола на државната помош.
Целта на обуката беше учесниците да се стекнат со продлабочени знаења за постапките во предметите поврзани со државната помош, вклучително и индивидуалната државна помош. Преку презентации на конкретни случаи, работа во групи и компаративна анализа на практиката на ЕУ, судиите имаа можност поблиску да се запознаат со постапките за доделување индивидуална државна помош во ЕУ, како и со релевантните правни стандарди и практични аспекти од оваа област.
Со реализацијата на оваа обука, Академијата за судии и јавни обвинители и Комисијата за заштита на конкуренција ја потврдуваат својата посветеност кон континуираното унапредување на знаењата и професионалните компетенции на судиите, како и кон јакнењето на нивната експертиза во областа на државната помош и примената на правото на Европската Унија.

