Академијата за судии и јавни обвинители спроведе обука на тема: „Кривични дела против културното наследство“

DSC_0066

Академијата за судии и јавни обвинители спроведе обука посветена на темата: „Кривични дела против културното наследство“, која се одржа денес (10 јули 2026 година), во просториите на Академијата.

Обуката беше наменета за судии од кривични оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, а истата ја спроведоа: Софче Гаврилова Ефремова, судија во Основен кривичен суд Скопје, Маја Конеска, јавен обвинител во пензија, м-р Перо Арџанлиев и м-р Трајан Зафировски, археолози во Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија.

Целта на обуката беше да се унапредат знаењата и практичните вештини на судиите и јавните обвинители за кривичните дела против културното наследство, преку разгледување на македонските искуства во борбата против илегалната трговија со културни добра, значењето на археолошкиот контекст при заштитата на движното археолошко наследство, улогата на судските вештачења од областа на нумизматиката и културното наследство, како и судските аспекти и предизвиците при постапувањето по овие предмети.

Стекнатите знаења ќе придонесат за поефикасно препознавање и правилна правна оценка на кривичните дела против културното наследство, подобро користење и вреднување на стручните вештачења, како и за поефикасно водење и одлучување во овие сложени предмети.

Со реализацијата на оваа обука, Академијата за судии и јавни обвинители продолжува континуирано да ги јакне капацитетите на носителите на правосудните функции, придонесувајќи кон унапредување на стручноста и квалитетот на постапувањето во предметите од областа на заштитата на културното наследство.