Советување на тема: „Примена на Законот за парнична постапка“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира советување на тема: Примена на Законот за парнична постапка“, кое ќе се одржи на 27 април 2023 година (четврток), во просториите на Академијата, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за стручни судски службеници и службеници кои работат во писарница.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Наталија Донева, судија во Основен граѓански суд Скопје и г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на: е-маил адресата Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.