СОВЕТУВАЊЕ на тема „Постапување по решавање на прекршоци во реален стек кај сообраќајните незгоди“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира советување на тема „Постапување по решавање на прекршоци во реален стек кај сообраќајните незгоди“. Советувањето е наменето за судии од прекршочни оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја и истото ќе се одржи на 18 ноември  (петок) 2022 година, со физичко присуство во просториите на Апелационен суд Скопје со почеток во 10:00 часот

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Хамдирефет Бафтијари, судија на Основен кривичен суд Скопје  и м-р Николче Петковски  началник на Сектор за прекршоци при Министерството за внатрешни работи на РСМ.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адресата: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-569 .

 

            Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

            Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да го преземете тука.