Советување на тема „Остварување право на нужен дел во вонпарнична постапка за расправање на оставина, содржина на барање, утврдување на нужниот дел и структура на решение“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира  советување на тема „Остварување  право на нужен дел во вонпарнична постапка за расправање на оставина, содржина на барање, утврдување на нужниот дел и структура на решение“ кое  ќе се одржи на 1 декември   (четврток) 2022 година, со физичко присуство во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, Ламела 1.

 Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.

 Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Маја Маркова, судија на Апелационен суд Скопје и м-р Јехона Садику, судија на Основен граѓански суд Скопје.

За дополнителни информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентаџија 2

3.Решение 1

4. Решение 2

5.Решение 3

6.Решение 4

7.Предлог

8.Предлог 2