Советување на тема „Несовесно лекување и лекарска грешка“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира  советување на тема „Несовесно лекување и лекарска грешка“ кое  ќе се одржи на 21 ноември  (понеделник) 2022 година, со физичко присуство во просториите на Апелационен суд Скопје.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од кривични  оддели и јавни обвинители и јавнообвинителски службеници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Габриела Гајдова, судија на Основен суд Велес и м-р Наташа Гоџоска, јавен обвинител во ОЈО Скопје.

За дополнителни информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2