СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Кривично дело демнење“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира советување на тема: Кривично дело демнење“, кое ќе се одржи на 22 мај 2023 година (понеделник), во просториите на Академијата – Ламела 1, со почеток од 10:00 часот.

Советувањето е наменето за судии од кривични оддели, јавни обвинители и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Габриела Гајдова, судија во Основен суд Велес и г-н Миле Костадинов, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Кочани.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.