СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Граѓанско – правна одговорност на адвокатите од аспект на германската судска практика“ (Demo)

Денес (4 октомври 2019) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев се одржа советување на тема: „Граѓанско – правна одговорност на адвокатите од аспект на германската судска практика“,  кое Академијата го организира во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ)

Првото советување на оваа тема беше организирано на 3 октомври 2019 година и беше наменето за судиите од граѓанските оддели, стручните соработници од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници на Министерството за правда. Додека на денешното советувањето присуствуваа кандидатите за судии и јавни обвинители од Академијата.

Германските искуства поврзани со темата на семинарот ги презентираше г. Бертин Чаб, адвокат од СР Германија, додека за граѓанско правната одговорност во нашата држава излагања имаа националните експерти: Д-р Јелена Ристиќ, Заменик-претседател на Адвокатската комора на Р. Северна Македонија и Проф. д-р Зоран Михајлоски, адвокат, Р. Северна Македонија

Со поздравно обраќање до присустните првото советување го отвори директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, која истакна дека соработката со меѓународните партнери на Академијата за важни правни теми како што е денешната се од огромна важност за правосудниот систем на Република Северна Македонија.

 

На присутните им се обрати и Д-р Штефан Пирнер, адвокат Регионален проектен раководител при IRZ за Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна Гора, кој исто така имаше прилика да им се обрати и на кандидатите денес.

 

Целта на обуката е да се пренесат основните знаења, пред сè „soft skillsˮ, за носители на правни професии во демократски општества.