Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Мисијата на ОБСЕ во Скопје

DSC_0270

Со новиот меморандум кој денес (27 февруари 2023 година) во просториите на Академијата, го потпишаа директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и амбасадорот, Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, двете страна се обврзаа на понатамошно заедничко делување во насока на јакнење на капацитетите на правосудството.

Имено, Академијата и Мисијата на ОБСЕ се долгогодишни партнери кои успешно соработувале и дале значителен придонес во јакнењето на вештините и знаењата на судиите и јавните обвинители. Мисијата на ОБСЕ во Скопје не вложува само во унапредувањето на ефикасноста во постапувањето на постоечките судии и јавни обвинители, туку и во креирањето и создавањето на европскиот профил на идните судии и јавни обвинители преку поддршката која ја пружа за реализација на програмата за почетната обука на Академијата.

Новиот меморандум предвидува активности кои ќе се реализираат во наредниот период од три години и со кои како што истакнаа првите луѓе на Академијата и на Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе ги надминат досега постигнатите резултати и ќе придонесат за понатамошниот позитивен развој на правосудната фела.