О Б У К А на тема „Подготовка и раководење со главна расправа“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) организираaт обука на тема: ,,Подготовка и раководење со главна расправа’’ вклучително проекција на едукативниот филм за поттикнување на порамнувањето.

Обуката ќе се одржи со физичко присуство на 25 октомври 2022 година (вторник) во хотел Арка, Скопје, со почеток во 10:00 часот.

Предавачи на обуката ќе бидат г-а Антоанета Димовска, судија на Основен граѓански суд Скопје и проф. д-р Јан Ф. Орт, LL.M – судија претседавач на Покраинскиот суд во Келн а на истата ќе учествуваат судии и стручни соработници од граѓански оддели од сите апелациони подрачја.

За дополнителни информации поврзани со обуката Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за реализација на следната е маил адреса: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-568

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.