Онлајн советување на тема: „Процесни одлуки на подготвтелно рочиште и изведување на докази на главна расправа“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлјан советување на тема: Процесни одлуки на подготвтелно рочиште и изведување на докази на главна расправа“, кое ќе се одржи на 27 септември 2022 година (вторник), на ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

                  Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели од сите апелациони подрачја.

            Предавачи на советувањето ќе бидат г-а Наталија Донева, судија во Основен граѓански суд Скопје и г-н Александар Шопов, судија во Основен суд Велес.

 

                  Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.    

                  За повеќе информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната  е-маил адресата Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.