Онлајн советување на тема „Присилно извршување на привремени мерки издадени од судот според Законот за обезбедување на побарувањата“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлајн советување на тема „Присилно извршување на привремени мерки издадени од судот според Законот за обезбедување на побарувањата“.

 Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја и истото ќе се одржи на 4 октомври  (вторник) 2022 година, преку платформата ZOOM.

Предавачи на советувањето ќе бидат г-ѓа Лидија Димова, судија на Основен суд Велес  и г-ѓа Јехона Садику, судија на Основен граѓански суд Скопје.

За дополнителни информации поврзани со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на тел. 02/2401-569 или на е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk.

            Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете на следниот лник.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2