Онлајн советување на тема: „Примена на АКМИС системот и судскиот деловник (Заведување на предмети и внесување на податоци)“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира онлјан советување на тема: „Примена на АКМИС системот и судскиот деловник (Заведување на предмети и внесување на податоци)“, кое ќе се одржи на 21 септември 2022 година (среда), на ЗООМ платформата, со почеток од 11:00 часот.

                  Советувањето е наменето за судските службеници од граѓанските оддели.

            Предавач на советувањето ќе биде г-а Сузана Варналиева, судски администратор во Основен суд Велес.

                  Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.    

                  Работните материјали кои ќе се користата во рамки на советувањето можете да ги преземете тука.

 

                  За повеќе информации во врска со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната  е-маил адресата Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.