ОНЛАЈН СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Истапување и исклучување на содружник од друштвото како начин на престанок на содружнички однос“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители согласно годишниот Каталог за континурана едукација за 2022 година организира онлајн советување на тема: „Истапување и исклучување на содружник од друштвото како начин на престанок на содружнички однос“, кое ќе се одржи на 26 октомври 2022 година, преку ЗООМ платформата со почеток во 11:00 часот.

Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од трговските оддели од сите апелациони подрачја.

Излагања поврзани со темата на советувањето ќе имаат: г-а Наташа Савовска-Димитровска, судија на Апелационен суд Скопје и г-а Билјана Јачева, судија на Основен суд Велес.

За дополнителни информации поврзани со советувањето Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за организација на советувањето на следната е-маил адреса: mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1