ОНЛАЈН ОБУКА на тема: „Исклучоците од непосредно изведување на доказите-правила и пракса“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители согласно годишниот Каталог за континуирана едукација за 2022 година, организира онлајн обука на тема: „Исклучоците од непосредно изведување на доказите-правила и пракса“, која ќе се одржи на 27 октомври 2022 година преку ЗООМ платформата, со почеток во 11:00 часот.

Обуката е наменета за судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја

Излагања поврзани со темата на обуката ќе имаат: м-р Стевчо Донев, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Штип и г-а Софче Гаврилова Ефремова, судија на Основен кривичен суд Скопје.

За дополнителни информации поврзани со обуката Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на обуката на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk и тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

Материјалот за советувањето, можете да го превземете тука: