Објавена Анализа на трендовите во примената на Европските стандарди во судската пракса на македонските судови во делот на слободата на изразување и безбедноста на новинар(к)ите

free speech illustration

Со цел да се оцени развојот на домашната судска пракса и можното влијание од претходните активности за градење на капацитетите, во рамките на Хоризонталниот инструмент, заедничка програма на Европската Унија и Советот на Европа, и проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС 2)“ изработена е Анализа на трендовите во примената на европските стандарди за слободата на изразување и безбедноста на новинар(к)ите. Анализата беше изработена во периодот од 15 јули до 31 октомври 2022 година, а го опфаќа периодот од 1 јануари 2016 година до 1 јуни 2022 година, и дава детален преглед на најрелевантните случаи (160 случаи – од кои 125 граѓански и 35 кривични) од домашните судови во периодот кој е предмет на анализата. Дополнително, идентификува отстапки од добропоставените европски стандарди и предлага како да се постапува по истите во иднина со цел да се постигне целосна хармонизација на домашната судска пракса.

Повеќе на следниот линк:

https://www.coe.int/mk/web/skopje/-/%D0%9E%D0%B1%D1%98%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%90%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%95