ОБУКА на тема: „Пресметливост кај зависници од дрога и психотропни супстанции и кредибилност на искази на сведоци – зависници од дрога и психотропни супстанции“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители согласно годишниот Каталог за контунирана обука организира обука на тема:„Пресметливост кај зависници од дрога и психотропни супстанции и кредибилност на искази на сведоци – зависници од дрога и психотропни супстанции“ која ќе се одржи на 26 декември (понеделник) 2022 година, во просториите на Апелационен суд Скопје со почеток во 10:00 часот.

Обуката е наменета за судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите апелациони подрачја.

Излагања поврзани со темата ќе имаат: м-р Габриела Гајдова, судија на основен суд Велес, м-р Наташа Гоџоска, јавен обвинител во ОЈО Скопје и д-р Јасмина Степаноска, специјалист по психијатрија, ГОБ 8 ми Септември, Скопје.

За дополнители информации во врска со обуката Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата кое е задолжено за организација на следната е-маил адреса: Gordana.Lazarevska@jpacademy.gov.mk или тел. 02/2401-578.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука

Работните материјали кои ќе се користат на обуката можете да ги преземете тука.