ОБУКА на тема: „Архивско работење (Излачување на предмети по истек на рок на чување и предавање на предмети кои се чуваат трајно)“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2023 година организира обука на тема: „Архивско работење (Излачување на предмети по истек на рок на чување и предавање на предмети кои се чуваат трајно)“, кое ќе се одржи на 29 март во просториите на Управниот суд – Скопје, со почеток од 10:00 часот.

Обуката е наменета за судски и јавнообвинителски службеници кои работат на архивирање на предмети.

Обуката ќе ја спроведат г-а Катерина Васиќ, г-а Маре Бојчовска,г-н Цветанчо Тодоровски, инспектори за архивски материјал од Државниот архив на Република Северна Македонија.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-572.

Агендата согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.