Известување од Комисија за приемен испит

logo_asjo_news_mk

Почитувани кандидати за слушатели пријавени на јавниот оглас за IX генерација слушатели во почетна обука во Академијата за судии и јавни обвинители,

Ве известувамe дека на ден 28.02.2023 година, Управниот одбор на Академијата ја усвои Програмата за приемен испит, а денеска Комисијата за приемен испит ја одржа првата седница, на која ја утврди Временската динамика за спроведување на приемниот испит, која претставува орентациона рамка по која ќе се одвива полагањето на Приемниот испит.

Воеднo, во насока на олеснување на пристапот до информации за јавниот оглас и продолжување на праксата од претходните јавни огласи за прием во почетна обука, Ве известувам дека за тековниот јавен оглас во делот Испити е отворено поле Тековен испит за прием во почетна обука IX генерација, каде што можете да ги следате сите известувања во врска со тековниот оглас.

Со почит,