Заменик директорот на Академијата, судија Илир Исени учествуваше на регионалната конференција по повод одбележување на денот на правосудството во Република Северна Македонија

IMG-0e2652af57fbef9b5000090c72d8eb95-V

Заменик директорот на Академијата за судии и јавни обвинители, судија Илир Исени учествуваше на регионалната конференција, на тема: “Да се задржи отпорноста и непристрасноста: поглед низ призмата на здружението на судиите„, која се одржа на 31 март 2023 година, како дел од активностите по повод одбележувањето на денот на правосудството, а беше организирана од страна на Здружението на судии на Република Северна Македонија, во соработка и со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Во рамки на свечениот дел свои обраќања имаа: Амбасадорот на ОБСЕ Мисијата во Скопје Килијан Вал, Претседателката на Врховниот суд на РСМ, судија Беса Адеми, Претседателката на Судски Совет на РСМ, г-ѓа Весна Дамева, Ерик Мајер, заменик шеф на Мисија – Амбасада на САД во Северна Македонија и  Роберт Декер, заменик амбасадор – Амбасада на Кралството Холандија.

Панелистите зборуваа за улогата на Здружението на судиите во развивањето судиска отпорност на корупција, како и за ефикасноста и ефективноста на судскиот систем од перспективата на Здружение на судиите на Република Северна Македонија.

Заменик директорот на Академијата, судијата Исени активно учествуваше во дебатата која се разви по завршувањето на конференцијата.