Заменик директорот на Академијата, судија Илир Исени беше дел од МАТРА Програмата за обуки по Владеење на правото во Хаг, Кралство Холандија

n2

Во период од 09-11 ноември 2022 година во Хаг, Кралство Холандија во организација на Хелсиншкиот комитет на Кралството Холандија, Академијата за локална самоуправа во Хаг и Универзитетот Леијден, Кралство Холандија, финансирано од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, а во рамки на соработката која Академијата ја има воспоставено со Хелсиншкиот комитет и Амбасадата на Кралството Холандија во Северна Македонија, заменик директорот на Академијата, судија Илир Исени, беше дел од МАТРА Програмата за обука по Владеење на правото.

 

Во рамките на тридневниот настан, на ден 10.11.2022 година се одржа и Конференцијата “Демократијата под закана“, на која се дискутираше за демократијата и идентификувањето на заканите на демократијата во Холандија од различни аспекти. Повеќе холандски и меѓународни експерти имаа свои излагања во однос на темите предвидени согласно Агендата.

 

 

Заменик директорот на Академијата, судија Илир Исени, активно учествуваше на работилниците на тема “Антикорупцијата во Рамката за промоција на Демократијата – политики и практики“, односно “Владењето на правото како клучен фактор за Демократијата“. По завршување на работниот дел, беше претставен Манифестот, кој што претставува документ од 15 препораки како да се подобри демократијата во и надвор од Холандија. Истиот претставува допринос во име на Холандското граѓанско општество за Вториот Самит за Демократија кој ќе се одржи во 2023 година.