Заменик директорот на Академијата, судија Илир Исени учествуваше на VII-та Меѓународна Судска Конференција

Sklika 1

На 2 и 3 ноември 2022 година во хотел „Рамада“, Гевгелија се одржа VII-та Меѓународна Судска Конференција во организација на Здружение на судиите на Република Северна Македонија, со подршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје и CEELI Institute од Прага, на тема “Судска независност и самостојност, предизвици, очекувања и решенија“, на која учествуваше заменик директорот на Академијата, судија Илир Исени.

Воведни и поздравни обраќања до присутните упатија: Ен Берген, програмски офицер за Северна Македонија, ИНЛ Биро при Стејт Департментот на САД, Марек Свобода, програмски директор на CEELI Institute од Прага, Беса Адеми, претседател на Врховен суд на РСМ, д-р Џемаил Саити, судија на Врховен суд на РСМ и претседател на Здружение на судиите на РСМ.

На конференцијата се дискутираше за судската независност и самостојност, предизвиците и очекувањата, а низ активна дебата беа понудени и позитивни решенија за надминување на недостатоците кои се јавуваат во судството, како и пресретнување на потребите на судската фела во насока на доследно почитување на европските вредности и меѓународните стандарди.

 

 

Во фокус на конференцијата беше претстојниот скрининг процес за Поглавјето 23 и улогата на судството во отпочнувањето на преговорите на Северна Македонија преку спроведување на суштински реформи во однос на прилагодување на законите, создавање на соодветени материјали и технички претпоставки, промена на однесувањето и практиките на постапување, преку јакнење на независноста, самостојноста, ефикасноста и транспарентноста, се со цел враќање на довербата на граѓаните во правосудниот систем на Северна Македонија.