Директорката на Академијата проф. Наташа Габер Дамјановска оствари работна средба со претставници од Европската мрежа за правосудна обука (EJTN)

DSC_0297

Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска оствари работна средба со претставниците на Европската мрежа за правосудна обука (EJTN): генералниот секретар на ЕЈТН, г-а Ingrid Derveaux, лидер на проект за Западен Балкан, г. Giovanni Pasqua, проектен менаџер за Западен Балкан.

Работната средба се одржа во просториите на Академијата и истата беше иницирана од страна на претставниците на EJTN, имајќи го вo предвид фактот дека Академијата за судии и јавни обвинители е дел од активностите на EJTN уште од 2010 година. Секако, во моментов со статус на набљудувач, бидејќи Република Северна Македонија сеуште не е членка на Европската унија.

Директорката на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска посочи дека оваа соработката помеѓу двете институции функционира одлично и покрај статусот на набљудувач кој го има Академијата и изрази благодарност за низата заеднички едукативни настани кои се реализирани во овој долг период на соработка, со кои позитивно се влијаеше на правосудниот систем на Република Северна Македонија, посебно во делот на совладувањето на Европската регулатива.

На денешниот работен состанок беа разгледани можностите за поактивно вклучување на Академијата за судии и јавни обвинители во активностите на EJTN при што на судиите и јавните обвинители од Република Северна Македонија ќе им биде обезбеден поголем пристап до обуките и студиските посети кои ги организиран EJTN на ниво на Европската унија.

Националните судии и јавни обвинители во континуитет покажуваат зголемен интерес за поминување на обуките кои ги нуди EJTN, но истовремено, широко прифатена и интересна е Програмата AIАKOS  која покрај новоизбраните судии и јавни обвинители ги опфаќа слушателите на почетната обука на Академијата.

Претставниците на EJTN ги истакнаа позитивните резултати од досегашната соработка, подвлекоа дека Академијата и понатаму ќе ја добива поддршката на EJTN и искажаа отворен интерес за продолжување и интензивирање на соработката  со Академијата.