Директорката на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска учествуваше на Конференцијата со наслов „Новите развои во едукацијата релевантни за институциите за правосудна обука на ЕЈТН“

EJTN Directors Conference Prague 2022

 На 29 и 30 септември 2022 година директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска присуствуваше на конференцијата на директори со наслов: „Новите развои во едукацијата релевантни за институциите за правосудна обука на ЕЈТН“, која ја организираа Европската мрежа за правосудна обука (ЕЈТН) и Правосудната академија на Република Чешка во рамки на Чешкото претседателство со Советот на Европската унија.

Конференцијата се одржа во Прага, Република Чешка и на истата присуствуваа директори од институции задолжени за правосудна обука.  Целта на конференцијата беше да ги собере на едно место првите луѓе на клучните институции за обука на правосудството и низ плодна дебата да се дискутираат предизвиците со кои се соочуваат овие институции.

Конференцијата која беше одржана на највисоко ниво, беше посебно важна бидејќи истата ја претставуваше пресвртницата во спроведувањето на стратешкиот план на ЕЈТН 2021- 2027 година.

На конференцијата беше презентирана мрежната платформа и форум кој ќе служи за размена на искуства помеѓу директорите, замениците директори, како и нивните претставници.

На оваа конференцијата беа разменети и мислења во однос на зајакнувањето на институциите кои се задолжени за обука на правосудството со фокус на унапредувањето на наставните програми, а воедно, беа претставени и најновите случувања во однос на обуката во судството во земјите на ЕУ.