Медијаторите и обучувачите од АСЈО ги унапредуваат своите вештини со помош од холандски партнери (Demo)

Институтот за европска политика и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организираат обука за обучувачи за медијација со цел македонските обучувачи за медијација, сегашни и идни, да се оспособат со современи методи и вештини од областа.

Во воведните обраќања на обуката, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, д-р Наташа Габер Дамјановска истакна дека новите генерации на судии и јавни обвинители треба да се запознаат со медијацијата од старт и медијацијата да се вметне во нивниот образовен процес. Таа додаде дека оваа обука е важна со цел медијацијата да стане се поприсутна во земјава, за повеќе спорови да се решаваат по пат на медијација.

Текстот во целост можете да го преземете на следниот линк :

https://epi.org.mk/post