КХВ и Академијата на судии и обвинители Павел Шатев организраа советување на тема : „ Правните лекови во постапките за упис во трговскиот регистар во корелација со правната заштита предвидена во Законот за трговските друштва и другите закони “

 Тргнувајќи од фактот дека   добрата пракса на корпоративно управување, јакнењето на свеста за неговaтa вредност  и усогласената институционална рамка од сите државни органи кои ги спроведуваат законите претставуваат значајни фактори во развивањето на ефикасен пазар на капитал и воспоставување на здрава инвестициска клима, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија и Академијата на судии и обвинители Павел Шатев на 11 ноември, 2020 во Скопје организираа советување на тема: Правните лекови во постапките за упис во трговскиот регистар во корелација со правната заштита предвидена во Законот за трговските друштва и другите закони “ .

 На ова советување судии од граѓански оддели, стручни соработници од сите апелациони подрачја, судии од Управниот суд и Вишиот управен суд, како и овластени учесници на пазарот на хартии од вредност интерактивно дискуситираа  со излагачите д-р Марко Андонов, редовен професор и декан на Факултет за правни науки, Универзитет Американ Колеџ Скопје, Наташа Савовска Димитровска, судија на Апелационен суд Скопје и  Мате Стојановски, главен правен советник, Комисија за хартии од вредност за актуелни правни прашања од областа на пазарот на капитал во делот на работењето на акционерските друштва, издавањето на нови хартии од вредност, за задирање во сопственоста на сопствениците/вложувачите во хартии од вредност, а поврзано со спроведувањето на уписите во трговскиот регистар кој се води во Централниот регистар на РСМ.

Тексот во целост можете да го прочитате на следниот линк:

https://www.sec.gov.mk/Vesti-govori-intervjua/KKhV-i-Akademijata-na-sudii-i-obviniteli-Pavel-Shatev-organizraa-sovetuvanje-na-tema—Pravnite-lekovi-vo-postapkite-za-upis-vo-trgovskiot-registar-vo-korelatsija-so-pravnata-zashtita-predvidena-vo-Za