ИРЗ ЕСЕНСКА АКАДЕМИЈА ЗА МЛАДИ ПРАВНИЦИ ЗА НАЦИОНАЛНО И МЕЃУНАРОДНО ПРАВО-Одбрани аспекти и актуелен развој- (Demo)

Германската фондација за меѓународна правна соработка ИРЗ оваа година на земјите партнери им нуди можност за учество на посебна eсенска Академија наменета за млади правници кои професионално делуваат во областа на трговското право, која е од суштинско значење во меѓународен контекст. Во фокусот на оваа Академијата ќе бидат судските постапки од областа на трговското право пред германските судови. Одржувањето на овој настан се организира во соработка со една од најголемите издавачки куќи за правна литература во Германија C.H.Beck.

Поради состојбата со вирусот Ковид 19 оваа Академија ќе се организира онлајн во период од 16 до 18 ноември 2021 година

Имено, на првиот ден, 16 ноември ќе се разгледуваат прашањата за купопродажното право на ОН и за граѓанската постапка во Германија. Во овој контекст на 16 ноември помеѓу 12:30 и 14:30 часот ќе биде прикажан и интересен едукативен филм, кој ќе биде преведен на работните јазици. Тој, исто така, ќе даде општ и интересен увид во граѓанската постапка во Германија. Вториот ден ќе биде постветен на правото на конкуренција и авторските права.Третиот ден ќе се занимава со прашањата на арбитражата и исто така ќе информира за постапката според правилата на Германскиот институт за арбитража.

Академијата за судии и јавни обвинители во рамките на соработката со ИРЗ на судиите и јавните обвинители им нуди можност доколку се заинтересирани да се пријават и да учествуваат на оваа Академија.

Работни јазици на Академијата ќе бидат: германски јазик, босански-хрватски-црногорски-српски јазик, англиски и руски јазик.

Доколку сте заинтересирани Вашето учество можете да го пријавите на следната емаил адреса: wendorff@irz.de

Агендата за настанот на енг јазик можете да ја преземете тука, на српски јазик тука

Формуларот за пријава на енг јазик можете да го симнете тука, на српски јазик тука.