Европската мрежа за правосудна обука EJTN најавува серија виртуелни настани посветени на најзначајните пресуди на Европскиот суд на правадата за управно судство (Demo)

Во рамките на ЕЈТН портфолиото за управното судство Европската мрежа за правосудна обука ќе организира серија виртуелни настани посветени на најзначјните пресуди на Европскиот суд на правдата наменети за управните судии. Станува збор за четири серии кои ќе се одржат во месец октомври 2020 година.

Виртуелните настани ќе бидат организирани од страна на ЕЈТН на Adobe Connect платофрмата.

Секој настан ќе започне во 11:30 часот (Brussels time) и ќе трае 1 час и 15 миниути:

  • 15 минути вовед
  • 45 минути презентација
  • 15 минути прашања и одговори

Настаните ќе се одржат по следниот распоред:

  • 7 Октомври 2020 година  –  30 (Brussels time): CJEU судска пракса од областа на даночното право
  • 14 Октомври 2020 година – 30 (Brussels time): CJEU судска пракса од областа на државната помош
  • 20 Октомври 2020 година – 30 (Brussels time): CJEU судска пракса од областа на правото на заштита на околината
  • 27 Октомври 2020 година – 30 (Brussels time): CJEU судска пракса од областа на заштита на личните податоци

За повеќе информации и регистрација на настаните одете на линкот:

https://meet51996584.adobeconnect.com/october/event/event_info.html

Доколку имате дополнителни прашања Ве молиме да ја контактирате г-а Giulia Carpentieri: giulia.carpentieri@ejtn.eu