Европската мрежа за обука на судии (EJTN) одржа избори за клучните позиции на своето Генерално собрание во Париз на 7-8 јуни 2022 година (Demo)

Академијата за европско право ЕRА е реизбрана  за следните три години во Управниот комитет на Европската мрежа за обука на судии EJTN и за повикувач на Работните групи за програмата.

Генералното собрание, исто така, ја избра Ингрид Дерво од националната школа за магистрати во Франција,  за нов генерален секретар на EJTN од 1 јануари 2023 година.

EJTN ги обединува националните институции одговорни за судска обука во земјите-членки на ЕУ и ЕRА. Основана е во 2000 година и има постојан секретаријат во Брисел.

Изборите се одржуваат на секои три години за Управниот одбор, работните групи и генералниот секретар на мрежата.