Директорот на Академијата проф. д-р Наташа Габер Дамјановска одржа работен состанок со претставници на ДЦАФ – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (Demo)

На 14 јули 2021 година во просториите на Академијата, директорот на Академијата проф. д-р Наташа Габер Дамјановска одржа работен состанок со г-дин Марк Ремилар, програмски менаџер во ДЦАФ.

Работниот состанок е дел од активностите кои се реализираат во рамки на соработката помеѓу Академијата и ДЦАФ во Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Северна Македонија. На состанокот се разговараше за продолжување на соработката помеѓу Академијата и ДЦАФ како и за идните заеднички активности.

Имено, во рамките на соработката, на ЛМС платформата на Академијата објавен е курсот “Спроведување на мерките за следење на комуникациите“ составен од следниве модули:

  1. Меѓународни принципи и стандарди за примена на мерките за следење на комуникации
  2. Спроведување на мерките за следење на комуникациите за целите на кривичната постапка
  3. Контрола и надзор над примената на мерките за следење на комуникациите

Директорката на Академијата се заблагодари за досегашната успешна реализација на сите проектни активности и изрази подготвеност за понатамошна партиципација во активности кои ќе значат унапредување на правосудниот систем на Северна Македонија.