Директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и заменик директорот на Академијата, судија Илир Исени остварија работни посети на Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа (Demo)

Денес (19 мај 2022 година), директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска и заменик директорот на Академијата, судија Илир Исени остварија работни посети на Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа.

Целта на овие работни посети беше во насока на продлабочување на соработката помеѓу Академијата и двата универзитета при што беа разгледани можностите за реализација на идни заеднички активности, посебно со правните факултети при универзитетите.