Онлајн курс за заштита и безбедност на новинарите е достапен преку платформата на ХЕЛП Програмата на Советот на Европа.
Бесплатениот ХЕЛП онлајн курс има за цел да им помогне на правните професионалци/ки, но и на новинарите и органите за спроведување на законите, како и на сите заинтересирани за темата, да препознаат и адресираат закани кон новинар(к)и и други медиумски чинители. Курсот е составен од 5 практични модули, и е со вкупно времетраење од приближно 10 часа.
Во моментов, курсот е достапен само на англиски јазик, а до крајот на 2020 година, курсот ќе биде достапен и на соодветните јазици за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
Во продолжение се линковите до објавата на веб страната на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје од каде што ќе може да пристапите и до линкот за самиот курс: