Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Секретаријатот на Енергетската Заедница го организираа првиот семинар за правото на Енергетската Заедница за националните судии (Demo)

Денес (22 ноември 2019 година) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинтели Павел Шатев се одржа првиот семинар наменет за националните судии, а посветен на правото на Енергетската Заедница.

Семинарот го организираше Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Секретаријатот на Енергетската Заедница. На семинарот присуствуваа претставници од правосудните академии на Србија, Црна Гора, Грузија, Молдавија, Косово и Албанија,како и претседателот на Уставниот суд, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Претседателот на Комисијата за конкуренција, судии од Уставен суд, судии од Виш Управен и Управен суд, судии од Апелационен суд Скопје, судии од граѓанскиот суд Скопје, адвокати, професори од правните факултети од земјата, како и претставници од други релевантни институции.

Националните судии на земјите потписнички на Договорот за основање на Енергетска Заедница скоро и да не се информирани за постоењето на Енергетската заедница и не го применуваат правото на Енергетска Заедница.

Имено, значењето на законодавството на Енергетска Заедница за националните судии на Договорните страни забрзано се зголемува. Денешниот настан е во насока на јакнење на свеста и знаењето за ЕУ/ законодавството на за Енергетска заедница во делот на енергетиката, животната средина и пошироко.

Со воведно обраќање до присутните настанот го отвори проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители, која се заблагодари за големиот интерес на тема која не е доволно позната, а сепак актуелна и исклучително значајна за напредокот на нашата земја и приближувањето кон ЕУ. Академијата ја прифати поканата од страна на Секретаријатот на Енергетска Заедница и е подготвена активно да партиципира во понатамошните активности во соработка со Секретаријатот сé со цел обврските содржани во Договорот за основање на Енерегетска Заедница да бидат доследно имплементирани од страна на судиите во Република Северна Македонија.

На настанот со поздравно обраќање се обрати и заменик министерот за економија, г. Кирил Колемишевски кој изрази задоволство што токму Република Северна Македонија е земјата во која се организира првиот семинар за судии посветен на енергетиката. Тој истакна дека Владата на Република Северна Македонија и Министерството за економија ги следат случувањата на европската сцена и вложуваат големи напори во соработка со Секретаријатот на Енергетската Заедница за целосна хармонизација на националното законодавство со ЕУ легислативата. Тој спомена дека во моментов во собраниска процедура се ноаѓа и Предлог Закон за енергетска ефикасност со кој ќе се заокружи процесот на реформи кој започна со усвојување на новиот Закон за енергетика во 2018. Организацијата на овој настан и вклучувањето на обука наменети за судии за правото на Енергетската заедница, животна средина и конкуренцијата се навистина значајни за брзиот развој на нашата држава во овие области.

Претставникот на Енергетската Заедница, др. Розета Карова, потсети на важноста од познавањето на легислативата од оваа област која е задолжителна за Република Северна Македонија. Според неа запознавањето со содржината на законодавството на Енергетска Заедница и обврските кои произлегуваат од Договорот се значаен исчекор напред за правосудниот сиситем на Република Северна Македонија но и за останатите земји од Регионот. Енергетската Заедница е отворена за соработка и нуди поддршка на Договорните страни во процесот на воведување, обука и применување на правото на Енерегетска Заедница. Таа посебно ја истакна можноста за соработка на судиите со Секретарихатот на Енергетска Заедница врз основа на член 2 од Правуката за решавање на спорови на Енергетска Заедница. Врз основа на овој член судиите на Република Северна Македонија имаат право да побараат стручно правно мислење од Секретраријатот кога решаваат случаеви од областа на енергетиката а кога станува збор за интерпретација на концепт од правото на Енергетска Заедница.

Свое обраќање на семинарот имаа и Претседателот на Регулаторната Комисија за Енергетика, г-н Марко Бислимоски и претседателот на Комисијата за Заштита на Кoнкуренција, г-н Владимир Наумовски, кои информираа за нивните активности и соработка со институциите на Енергетска Заедница.

Првиот регионален состанок за претставниците на институтциите задолжени за спроведување на обуки во правосудството на Договорните страни се одржа на 21 ноември 2019 година во Скопје.

На состанокот беа идентификувани можностите за соработка помеѓу националните судии и Секретаријатот, а воедно беа дадени и предлози за реализација на конкретни обуки.

Секретаријатот на Енергетската заедница упати благодараност до Академијата за организацијата на настанот преку нивната Веб страна. Текстот во целост на англиски јазик можете да го преземете на следниот линк.

https://www.energy-community.org/news/Energy-Community-News/2019/011/25.html