31 Март- Ден на македонското правосудство (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители на сите судии, јавни обвинители, судски службеници, вработените во судовите, јавнообвинителски службеници и вработени во јавните обвинителства во Северна Македонија, слушателите на програмата за почетната обука во Академијата, правобранители, адвокати, нотари, медијатори и извршители им го честита 31 Март- Денот на македонското правосудство.

Независноста на судскиот систем претставува основен столб на правниот поредок заснован врз принципот на владеењето на правото и на функционирањето на правната држава. Судството има капацитет и знаење да изгради независен, ефикасен и транспарентен систем, со цел да овозможи правда за граѓаните, а со тоа и да ја зголеми нивната доверба во судството.

Интегритетот и стручноста на судиите и јавните обвинители се важни елементи кон обезбедувањето на брза и ефикасна правда.

Академијата има исклучително значајна улога во креирањето на правосудниот систем, посебно на профилите на судиите и јавните обвинители, но одговорноста за неговата ефикасност е на сите нас кои го сочинуваме, поради што, сите заедно треба да се стремиме кон развивање на правната мисла и градење на професионални стандарди кои во себе ќе ги инкорпорираат највисоките меѓународни и европски стандарди

Ви посакуваме на сите многу успех во вашиот понатамошен професионален развој.

Со почит,

Академија за судии и јавни обвинители