Академија за судии и јавни обвинители организираше обука на тема: „Финансиски криминал и мерки за обезбедување“

DSC_0659

Академијата за судии и јавни обвинители на 23 март 2026 година во просториите на Академијата организираше обука на тема: „Финансиски криминал и мерки за обезбедување“, која беше наменета за судии од кривичните оддели во судовите и јавни обвинители од сите апелациони подрачја

Обуката ја спроведоа: Фанка Јанчулева Михаиловска, судија во Основниот кривичен суд Скопје и м-р Искра Хаџи Василева, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Целта на обуката беше унапредување на знаењата и вештините за анализа на доказната вредност на посредните докази (индиции) како стандард во докажувањето на финансискиот криминал и криминалното потекло на имотот, запознавање со релевантна компаративна судска пракса за предмети поврзани со перење пари и финансиски криминал, како и подобрување на примената на мерките за привремено обезбедување на имотна корист и приноси. Дополнително, обуката имаше за цел да ги зајакне пристапите во истрагата и гонењето на финансискиот криминал и да ги адресира најчестите предизвици при пронаоѓање и обезбедување на доказите.