Започна реализацијата на онлајн обуката на тема: Меѓународна соработка во истрагите и постапките за компјутерски криминал 20-22 април 2021 (Demo)

Денес (20 април 2021 година) Академијата во рамки на соработката со Проектот iPROCEEDS 2 на Совет на Европа започна со реализација на  интерактивна практична обука на тема: Меѓународна соработка во истрагите и постапките за компјутерски криминал која се спроведува  преку ЗООМ платформата.

На обуката присуствуваaт судиите, јавните обвинители, претставниците од МВР и Управата за финансиско разузнавање кои беа опфатени со активностите во рамките на iPROCEEDS, кои по завршувањето на оваа обука ќе имаа обврска истата да ја спроведат за своите колеги.

Со воведни обраќања обуката ја отвори директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска која изрази задоволство од постигнатите резултати во рамките на Проектот iPROCEEDS во кој активно беше вклучена Академија што преставуваше причина за негово продолжување и отпочнување на нови активности во рамки на Проектот iPROCEEDS 2 со кои ќе се унапредат вештините на судиите и јавните обвинители согласно аспектите за меѓународна соработка содржани во Конвенцијата за компјутерски криминал од Будимпешта и вториот дополнителен протокол кон договорот кој е во финална фаза. Овој Проект ќе биде насочен кон правосудната обука за компјутерски криминал и електронските докази поврзани со финансиските истраги и мерките за спречување на перење пари со фокус на заштитата на личните податоци и заштитните мерки за владеење на правото.

Присутните ги поздрави и г-а Лејла Дервишагиќ, оперативен директор на Канцеларијата на Совет на Европа во Скопје, г. Виргил Спиридон, оперaтивен директор на Канцеларијата за компјутерски криминал на Совет на Европа и г. Александру Кристеа, проектен менаџер на Канцеларијата за компјутерски криминал на Совет на Европа.

Обуката ќе се реализира во период од три дена и согласно предвидената агенда низ неколку сесии ќе бидат опфатени повеќе теми кои ќе се однесуваат на правните основи за меѓународна соработка поврзана со компјутерскиот криминал и електронските докази, меѓусебната правна соработка, формални методи и меѓународна соработка, механизмите кои се опфатени со Конвенцијата од Будимпешта за олеснување на меѓународната соработка, употребата на добиените дигитални докази преку механизмите за меѓународна соработка како и работа во групи на конкретни студии на случај по што секоја група ќе ги презентира своите резултати.