Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финансиска поддршка на ИПА Проектот „Поддршка на реформите во правосудниот сектор“ организираат пилот обука за стратешко планирање која ќе се одржи на 1јули 2020 година преку онлајн платформата ЗООМ.
Обуката е намената за членовите на Судскиот совет и Судски буџетски совет и стручната служба на Судски буџетски совет
Со воведно обраќање до присутните настанот ќе го отворат: проф. д-р Наташа Габер-Дамјановска, директор на Академија за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’; г. Рајнер Девил, лидер на тимот ,ИПА проект ,,Поддршка на реформите во правосудниот сектор’’; г.Киро Здравев, претседател на Судски совет на Република Северна Македонија и г-а Тања Васиќ Бозаџиева, Министерство за правда на Република Северна Македонија.
Агендата согласно која ќе се одвива пилот обуката можете да ја преземете Tука.