СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ СУДИИ ПОРОТНИЦИ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 4 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број: 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и 96/2019) организира специјализирана обука за новоизбрани судии поротници од апелационо подрачје Скопје, Штип и Битола, која ќе се одржи на 12 и 13 мај 2022 година (четврток и петок) во просториите на Апелационен суд Скопје (сала за состаноци – 1кат), со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе добијат потврда за завршена обука.

На обуката свои излагања ќе имаат г-а Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник – шеф на кабинет во Врховен суд на Република Северна Македонија, г-а Љубица Колиќ, судија на Основен граѓански суд Скопје, г-а Лидија Мартинова, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија и м-р Бетим Јахја, судија во Основен суд Тетово.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“
  • Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa
  • Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите“
  • Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“
  • Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИ МАТЕРИЈАЛИ:

1.Презентација 1

2.Презентација2

3.Презентација 3

4.Презентација 4

5.Презентација 5

6.Презентација 6

 

 

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за обука од Академијата на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.