СОВЕТУВАЊЕ на тема „ Правните лекови во постапките за упис во трговскиот регистар во корелација со правната заштита предвидена во Законот за трговските друштва и другите закони “ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Комисија за хартии од вредност и Стопанска комора на РСМ организира советување на темаПравните лекови во постапките за упис во трговскиот регистар во корелација со правната заштита предвидена во Законот за трговските друштва и другите закони “  кое  ќе се одржи на 11 ноември 2020 година (среда), во хотел Мериот,сала 1- Скопје.

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја, како и за судиите од Управниот суд и Вишиот управен суд.Овој настан е дизајниран како советување со присуство и активна вклученост на учесниците, имајќи предвид дека со овој пристап се постигнуваат подобри резултати.

Академијата и партнерите ја следат ситуацијата во врска со препораките и мерките за спречување на внесување и ширење на Коронавирусот- КОВИД 19 како и Протоколите во организирањето на ова советување, па од тие причини бројот на учесници ќе биде ограничен.

                Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете Тука

                Дел од материјалот кој ќе се користи на советувањето можете да го преземете тука:

                1.Презентација 1