СОВЕТУВАЊЕ на тема „Отказ на договорот за вработување на работник од работно место – постапка и судска заштита“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2020 година организира советување на тема „Отказ на договорот за вработување на работник од работно место – постапка и судска заштита“. Советувањето е наменето за судии и стручни соработници од граѓански оддели од апелационо подрачјe Битола.

Советувањето ќе се одржи на 26 февруари (среда) 2020 година во Апелационен суд Битола.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Санде Зиков, судија на Апелационен суд Скопје и проф. д-р Зоран Михајлоски, вонреден професор, раководител на докторските студии при УАКС.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ги преземете  тука.

Работните материјали кои ќе се користат на советувањето можете да ги преземете тука:

Презентација1

Презентација2